dig out - онтологија

ископа повеќе

ископаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со копање извади нешто од земјата.
Албански: gërmoj
Изнајде, открие нешто скриено, зафрлено, исчезнато и сл.
Албански: gërmoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Како успеал да ги ископа тие докази?

ископка повеќе

Види и: ископа (св.)
ископкаат
Вид збор: Глагол, свршен
ископа
Албански: gërmoj
Употреба: Деминутив
Пронајде, дознае нешто.
Албански: gërmoj, zbulon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се обиде да ископка нешто за да дознае што се случува.

исчепка повеќе

исчепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Распрета, извади нешто со чепкање.
Албански: gryej, gërmoj
Примери:
Исчепка компири од бавчата.

откопа повеќе

откопаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со копање извади нешто што е закопано.
Албански: gërmoj, gropoj
Примери:
Стариот го откопа грнето со пари.
Раскопа, одгрне, отвори некаков затрупан, покриен простор.
Албански: gërmoj, gropoj
Примери:
Археолозите ги откопаа темелите и долните делови од објектот.

раскопа повеќе

Види и: копа (несв.)
раскопаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со копање разрие.
Албански: gërmoj
Примери:
Ги раскопаа сите улици.
Изврши раскопки во земјата за да се изнајде нешто, обично останки од постарата култура.
Албански: gërmoj
Примери:
Ги раскопаа урнатините на стариот град.